imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Оваа објава не е ажурирани повеќе од година дена. Имајте во предвид дека објавата може е веќе застарена.

Tim Cook зборуваше за судбината на Mac mini


Поминаа три години без било каков вид на надградба на производот на Apple со најдобра цена и одличен квалитет. Дури ни мал facelifting, воопшто ништо не се случи. Обожавателите стануваат загрижени, но неодамнешниот одговор на Tim Cook би можел да ги утеши. Или можеби не?

Концептот на Mac Mini е веројатно еден од најдобрите што Apple ги создал било кога. Производ кој е (малку) поевтин, но и натаму го пружа целосното Mac искуство со прекрасниот дизајн на Apple. Евтин е затоа што пакувањето не содржи глувче, тастатура или монитор, нив морате да ги купите сами. Меѓутоа, тоа беше една од позитивните страни за некои корисници, бидејќи можеа да ги прилагодат перифериите според сопствените желби. Веројатно не мораме да кажеме дека многумина го сакаа, па се радуваа на надградбата.

Надградба која едноставно не сакаше да се случи во изминатите три години. Уште повеќе, Apple ја остави истата цена во изминатите три години (за разлика, на пример, од Mac Pro), а кој сака да плати полна цена за хардвер кој бил помодерен пред три години? Меѓутоа, концептот е толку добар што групата обожаватели и натаму се надева дека пред или подоцна ќе има нешто од тоа. Еден од фановите, кој беше малку похрабар, отиде толку далеку што го праша Tim Cook за судбината на Mac Mini, а Cook беше толку љубезен и одговори на прашањето.

Мило ми е што го сакате Mac mini. И ние го сакаме. Нашите корисници пронајдоа толку креативни и интересни примени за Mac mini. Иако не е време за споделување било какви детали, планираме Mac mini да биде важен дел од нашата линија производи во иднина.

Па, тоа можеме да го сфатиме на повеќе начини. Песимистичка верзија дека Mac mini едноставно ќе остане во палетата производи без било каква надградба и дека деталите што не сакаат да ги споделат е поевтината цена. Оптимистичка верзија е дека работат на нешто за што Tim Cook сега не може да зборува, но тоа ќе го постави Mac mini на пиедесталот во линијата производи.

Сметаме дека оптимистичката верзија би била поверојатна врз основа на овој одговор, а не само затоа што мислиме дека новиот Mac mini би бил одличен.

Извор: 9to5mac

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.