imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Тим Кук на прошетка во Париз.


Еве можност како никогаш порано: можете да се судрите со Tim Cook во Франција. Генералниот директор на Apple никогаш не е бил поблизу до нас.

Изгледа дека Tim Cook доста работи применува од неговиот претходник Стив Џобс и од време на време се појавува во некој Apple Store без претходно најавена посета, со што би поразговарал со вработените и купувачите во продажниот салон. Овој начин на посета тој најчесто го прави во внатрешноста на САД, но овој пат изненади со посетата во Франција.

Неговата посета ја направи во продажниот салон во Марсеј кој беше отворен претходната година во трговскиот центар Les Terrasses du Port, но некои гласини кажуваат на тоа дека тој се има појавено и во некои други продажни салони во Парис. Се се случи како и вообичаено: Cook позборуваше со вработените и купувачите по малку, направи selfie со секого, постираше нешто на Twitter за неговата посета, а потоа се врати дома.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Screen Shot 2017-02-06 at 12.23.16 PM

Неколку среќници можеа да поминат и саати со генералниот директор, на кој времето му е скапоцено како злато. Менаџерот на Instagram акунтот во овој салон, Jean Claude Luong, споделил информација дека имал можност да разговара со Cook, два долги часа.

Cook исто така го посетил и Apple Store кој се наоѓа во еден подземен трговски центар, le Carrousel du Louvre, непосредно со неговата посета во Марсеј. Тој исто така и оваа посета не ја најави како вообичаено и го направи истото како и во сите други негови посети. Продажните салони го поминаа тестот на изненадување многу добро: сите го препознаа генералниот директор кој беше дочекан со огромен аплауз.

Значи, ако навистина сакате да се сретнете со Cook, сега е време да резервирате авионска карта и да посетете неколку Apple Store во Франција, кој би знаел колку долго тој ќе се задржи во Франција. Една работа е точна: тој вчера беше таму.

Апропо посетата на Cook, да се вратиме назад во минатото и да погледнеме како изгледаа пред 15 години кога се отвори првиот Apple Store. Стив Џобс ќе не води преку отворањето на првиот продажен Apple салон во Tysons Corner Center in Tysons Corner, VA во видеото кое следи.

Многу е интересно да го погледнете видеото и да слушнете кои беа клучните зборови за рекламирање во тоа време. Нашиот омилен дел е кога Џобс укажува на фактот дека секој компјутер може да се конектира со интернет. Исто така многу интересно е да се види и колку многу стремеле кон тоа да имаат и производи од други компании во нивните продажни салони. Постоел избор на многу MP3 плеери, видео камери во средината на салонот од компании како Sony или Canon. Да, во тоа време iPod сеуште не беше пуштен во продажба за да направи тотална револуција во музичката индустрија.

Исто така многу смешен момент во продажниот салон е Genius Bar. Ова беше бројач на информации. Купувачите можеа да прашат за информации поврзани со продуктите од вработените во продажниот салон. Доколку “умните лица” не можеа да одговарат на прашањето, позади нив се наоѓало црвено копче кое директно ѓи поврзувало со дирекцијата во Купертино.

Извор: 9to5mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!