imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Tim Cook верува дека опсегот на цени на iPhone е идеален


Извршниот директор на Apple во едно неодамнешно интервју се осврна на опсегот на цени на iPhone уредите. Имено, рече дека целта им била „да им бидат на сите на услуга”. Мхммм…

Nikkei успеа кратко да разговара со Cook по Keynote презентацијата во средата, а едно од прашањата беше посветена и за цените на новите уреди. Соред зборовите на CEO на Apple, одлично ги пресметале цените за одредени модели, бидејќи на секого сакаат да му понудат нешто.

„Сакаме на сите да им бидеме на услуга”, рече Cook во интервју за Nikkei. „Разбираме дека корисниците бараат различни работи и дека опсегот на цените кои сакаат да ги платат е исто така голем”.

На пример, тука е iPhone Xs Max за сите оние кои уживаа во квалитетите на iPhone X, но сакаат поголем уред. Секако, тоа подразбира и пораст на цената. Оние со помалку пари можат да го изберат постариот iPhone 7, кој и натаму совршено функционира, или малку поскапите iPhone 8 модели.

„Отсекогаш сметавме дека ако нудите иновативност и вредност, постојат луѓе кои ќе сакаат тоа да го платат”, изјави Cook. „Нам тоа ни е доволно голема група луѓе, врз основа на тоа да имаме добар бизнис”.

Меѓутоа, факт е дека основата причина на безобразно високите цени на iPhone кај нас е токму спојот на ДДВ, ризикот од промена на пазарните листи и пониските просечни плати во однос на оние во САД. Уште повеќе, Apple навистина прецизно ги пресмета различните ценовни класи за да им пружи на корисниците што е можно повеќе можности за избор со оглед на нивната финансиска ситуација.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.