imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Тинејџер ги хакираше серверите на Apple, но податоците на корисниците се сигурни


Ретко слушаме вакви вести, но хакер од Австралија успеа да влезе во внатрешниот сервер на Apple. Интересно е дека напаѓачот е средношколец. За среќа, не се случи ништо опасно и корисничките податоци останаа на сигурно.

Сите добро знаеме дека Apple и другите големи компании имаат строги сигурносни правила и дека се трудат на што попрофесионален начин да ги чуваат лични кориснички податоци. Тоа значи дека се подготвени за кибернетски напади и вработуваат професионални IT експерти да ги чуваат личните податоци на корисниците, но и доверливите информации на самата компанија.

Па, тоа не беше доволно да се спречи австралискиот тинејџер да го хакира серверот на Apple и да преземе 90 GB податоци. Иако најпрвин се чини дека возраста на напаѓаќот е шокантна, денес е речиси невозможно да најде криминалец од овој вид постар од 25. години,

Сепак, се работи за криминал, иако целата работа сигурно била замислена како шега. Apple за се го извести FBI, чии експерти го идентификуваа компјутерот од кој е изведен нападот, и го запленија во текот на истрагата. Ученикот ги сними собраните чувствителни податоци во фолдер наречен „hacky hack hack“, со што потврди дека за него сето ова била игра.

Apple го прокоментира случајот и потврди дека корисничките податоци и натаму се сигурни, па не треба да се грижиме за ништо. Тука повеќе штета претрпе сигурносниот оддел на Apple – ќе мораат добро да објаснат како 16-годишник успеал да влезе во нивниот строго чуван сервер…

Наводно момчето сакало да работи за Apple. Па, мислам дека на компанијата попаметно би и било да го повика на разговор за работа, отколку да го испрати на суд – очигледно има вештини кои би можеле добро да го искористат.

Извори: The Verge, AppleInsider

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.