imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

ToothFairy: Следната апликација за секој сопственик на AirPods


Денеска ќе ви покажеме апликација која исклучително лесно се користи и за која сум сигурен дека ќе ја сака секој корисник на AirPods кој слушалките ги употребува со повеќе уреди.

Несомнено, најдобар производ на Apple во последните години е AirPods. Пристигна неочекувано, може да се осети иновацијата во него и функционира беспрекорно и без компромиси. Искрено, не можеме да наведеме можност која уредот би можел да ја извршува значајно подобро од сега.

Освен поврзувањето на различните уреди. Ако AirPods ги поврзете само на еден уред, се е ОК. На пример, кога еднаш слушалките ќе се спарат со iPhone преку магичниот W1 чип, повеќе не морате да се грижите за тоа. Но, кога во игра ќе влезе поврзувањето со повеќе уреди, можни се проблеми.

Кога во игра ќе се уфрли и MacBook, почнува игранката со вечното конектирање. Нема никаква врска дали уредите користат ист iCloud профил или не, уредите едноставно не знаат да му дадат предност на другиот при поврзувањето со AirPods. За жал, леснотијата на поврзување која ја обезбедува W1 чипот тука како да испарува во воздух…

За среќа, ToothFairy служи да го исправи овој проблем. Практично, зборуваме за икона која ќе биде вградена во Mac мени барот. Треба само да кликнеме на неа и вашите AirPods слушалки се поврзуваат моментно. Во случај за ваквите работи повеќе да сакате да користите тастатура, постои и комбинација на копчиња која ќе ја заврши истата работа. Едноставно овој проблем повеќе нема да ве излудува. Пристигнувате во канцеларија и ќе можете на својот Mac да продолжите да ја слушате музиката која сте почнале да ја слушате на iPhone, се во секунда.

Секако, добивате и неколку дополнителни можности. На пример, поддршка за темниот режим на интерфејс, некои напредни подесувања, можете да изберете една од неколкуте понудени икони и уште неколку слични, кул работи. И уште нешто: Ако сте подготвени да се откажете од функцијата на микрофон ќе добиете подобрен квалитет на звукот.

Апликацијата чини 2,99 долари и потполно сум сигурен дека нема да зажалите за потрошените пари, посебно ако сте AirPods корисник со повеќе од еден Apple уред.

Преземете ја ToothFairy од Mac App Store за 2,99 долари

 

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.