imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Три корисни совети за macOS


Можеби ќе ви бидат корисни, дури и ако сте ветерани во светот на macOS.

macOS крие многу функции, но и тн. велигденски јајца, баш како и iOS. Ви донесуваме три совети за функциите кои можеби не сте ги знаеле

Движете го курсорот со помош на тастатурата

Во менито System Preferences > Accessibility > Mouse & Trackpad, одете на опцијата Enable Mouse Keys. Така ќе овозможите поместување на курсорот со употреба на бројчаник или различни копчиња на тастатурата.

Поместување:

  • На тастатурата: 7, 8, 9, 4, 6, 1, 2, 3
  • На обична тастатура: 7, 8, 9, U, O, J, K, L

За левото копче:

  • Притиснете I или 5 на бројчаникот

За држење на десното копче:

  • Притиснете M или 0 на бројчаникот

За ослободување на копче:

  • Притиснете . [точка]

Фино подесете ја светлината на екранот и гласноста

Светлината на екранот и јачината на звукот можете да ги подесите со помош на зададените копчиња на тастатурата или на Touch Bar. Така можете да бирате помеѓу 16 нивоа. Но…

Држете Shift + Option за да можете да бирате помеѓу 64 нивоа.

Брз пристап до поставките за екранот и звукот

За побрзо да пристапите до овие поставки, не треба да влегувате во System Preferences. Држете го копчето Option и притиснете го копчето за засилување/намалување на звукот или за засилување/намалување на светлината на екранот за побрзо да му пристапите на избраното мени.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.