imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Три работи кои би требало да ги знаете за новиот Apple Pencil


Apple ја претстави следната генерација на Apple Pencil на Keynote презентацијата одржана во октомври. Надградбата вклучува неколку помали, но исклучително важни функции. Еве три нови информации кои претходно не беа споменати.

Откако беше лансиран, веднаш ве известивме за новите функции на Apple Pencil 2. Знаејќи ги само функциите, беше апсолутно уверливо. И можевме да кажеме дека Apple го подобрил уредот на навистина одличен начин. Сега, веќе сме свесни за новите функции, но постојат три дополнителни функции кои би требало да ги имате на ум пред купувањето.

  1. За разлика од изворниот Apple Pencil, пакувањето на оваа генерација не содржи дополнителни „врвови на пенкалцето”. Да, врвот на Pencil е изработен од гумен материјал кој може да се истроши. Во тој случај, треба да се замени. Со првата генерација, во кутијата се наоѓаше и заменски врв, но во оваа генерација е изоставен.
  2. Една од најважните функции на новата генерација е тоа што може да се полни безжично, магнетски споен на страна на iPad Pro. Кога се работи за безжичното полнење, целосно е разбирливо да се помисли на Qi полначот… Но не, тоа нема да успее.
  3. Според протечената документација, првото спарување со вашиот iPad може да биде незгодно во некои случаи. За среќа, таков проблем нема кога свежо купениот Apple Pencil е во состојба на мирување. Проблемот се решава сам за неколку минути.

Постои едноставна причина за тоа. Кога iPad Pro i Apple Pencil се поврзуваат еден со друг и таблетот има прилика да се поврзе на интренет, на iPad ќе биде преземано ажурирањето, кое потоа во позадина се пренесува на Pencil во период од 10 минути преку Bluetooth. Потоа се ќе работи.

Што ќе го оставите вашиот Pencil на мир барем 60 секунди, тој ќе почне со инсталација на својата надградба, која трае отрпилика 2 минути. Ако сакате да го користите Pencil за тие две минути, ќе се однесува како обично моливче кое не поддржува било кој екрасн осетлив на допир. Без грижа, што инсталацијата ќе заврши, се ќе работи како и обично.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.