imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Typeface – Достапен менаџер за фонтови на Mac


Typeface е совршена алтернатива на скапите апликации за управување со фонтови. За што се е добар?

Ја тестирав оваа апликација неколку дена и ми се чини дека се работи за одлична опција ако барате некоја поевтина апликација за управување со фонотови. Претходно ја користев FontExplorer X Pro, една од моментно најпрофесионалните алатки во оваа категорија, поради што се продава по многу висока цена.

Секако, оваа апликација нуди многу работи, но по работата со Typeface сфатив дека се работи за опции кои на просечните корисници воглавно не им требаат. Но, зошто тогаш е добра апликацијата Typeface?

Па, поради многу работи. Јас ја користев за организирање и за процесите на дизајнирање, на пример кога ставам титлови на видеата или натписи на фотографиите. Typeface ми овозможува употреба на различни алатки, на пример прилагодување на растојанието помеѓу буквите, комбинирањето на различни бои и слично. Така многу подобро почнувате да ја сфаќате природата на буквите.

Секако, на оние кои работат со различните алатки, ваквата апликација може да им ја забрза постапката на уредување на букви, а и помага ако сакате да ги споредите различните фонѕови. Токму тоа и го барате од управувач со фонтови. За среќа, Typeface ги задоволува тие критериуми, а не ни чини премногу. Испробајте го и јавете ни ги впечатоците!

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.