imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Ultimate Ears Boom 3 и MegaBoom 3 | ТЕСТ


JBL Bluetooth звучниците убијци пристигнаа во нашата канцеларија на тестирање. Дали подбрендот на Logitech ќе го освои веќе прекубираниот пазар?

Да бидам искрен, не сум слушнал за брендот Ultimate Ears (UE) се додека не ги добивме овие уреди на тестирање. На крајот се испостави дека моја грешка е што сум живеел во незнаење, бидејќи UE со својата серија Boom звучници се наоѓа на пазарот од 2013. година и се работи за подбренд на Logitech.

Значи, можеме да претпоставиме дека нивните претходните уреди не биле најголеми хитови (барем во нашата земја) на технолошката сцена. Но, сега ја имаме третата верзија на најмалиот и најголемиот член на асортиманот, со мало прилагодување, бидејќи MegaBoo, немаше свое второ издание. Единствената разлика помеѓу овие два уреда е нивната големина, а со самото тоа и нивниот звук.

Кога се работи за името, морам да додадам дека инспирацијата за името MegaBoom многу веројатно ја пронашле во филмот Mega Shark vs. Giant Octopus и сличните на него, кои ни со најдобра волја не можам да ги наречам блокбастери. Би ги предложил имињата како UberBass, Ghetto Blaster и Window Shaking, кои би можеле да ги додадат во понудата, бидејќи се еднакво софистицирани.

Кога ги земав кутиите во раце, тоа веднаш ми ја избриша насмевмата од лицето. Убаво е да се држат живописни, среќни и шарени пакети. Тоа јасно ја покажува целната публика на звучникот: млади луѓе кои цел ден кружат низ градот и сакаат гласна музика.

А што сакаат тие? Бас, секако – гласеше одговорот на креативниот тим на Ultimate Ears и со леснотија се уверија во тоа и оние кои донесуваат одлуки. Двата звучника имаат тешки басови; што не е нужно предност, бидејќи звукот го прави малку погрешен. Оние кои сакаат изразен бас тоа ќе го обожуваат, но чашите ќе треперат на полиците дури и кога свири Моцарт.

Меѓутоа, дополнителните функции на звучниците на Ultimate Ears биле навистина уверливи. Од  една страна, двата звучника се целосно водоотпорни, што одлична особина, бидејќи поголем дел од целната публика веројатно сака да го поминува времето покрај вода. Од друга страна, двата звучника знаат некои генијални трикови.

На пример, звучниците можат едноставно да се синхронизираат. Мрежата може да има до 150+ уреди кои се поврзани заедно. Значи, ако во вашето друштво има неколку UE звучници, можете да создадете одлично озвучување. Освен тоа, на располагање ви е и апликација преку која можете да управувате со сите звучници.

Благодарение на нивните облици, можете да ги поставите на многу различни места: можете да ги обесите, да ги ставите во вашата чанта и поради своето озвучување од 360º, звукот нема воопшто да се промени. Времето на траење на батеријата исто така е извонредно, ветените 15-20 часа не се стамо трик, бидејќи батеријата навистина трае толку.

Звучниците изгледаат прилично изненадувачки. Ми се допаѓаат нивните неверојатни бои, цилиндричниот облик и нагласените копчиња за гласност. Но, не беа сите воодушевени како јас. Најчестата критика беше дека кога ќе ги ставите на нозе, изгледаат како цркви со огромен кртс на предната страна, што е прилично вистинито. Јасно можете да видите дека дизајнерите сакале да им дадат изглед на огромна батерија.

На бочната страна на уредот можете да пронајдете статусно LED светло, копче за вклучување/исклучување, приклучок за полнење (можете да купите и станица за полнење) и таканаречениот Magic Button. Кога би сакал да бидам саркастичен, би рекол дека најголемата магија на ова копче е неговото постоење. Воглавно затоа што не е ништо друго туку огромно копче за репродукција/пауза, кое е ново во Boom семејството. Инаку, знае неколку трикови, како што е управување со Apple Music плејлистата и останато.

Се на се, би рекол дека најновите Boom звучници на UE се одлични производи за својата цена (Ultimate Ears Boom 3 чини 9.290 денари, додека цената на Ulimate Ears MegaBoom 3 е 12.990 денари). Очигледно, не и припаѓаат на high-end категроијата, но недостатоците во звукот целосно ги надоместуваат додатоците и паметните функции, заедно со едно од најдобрите треања на батеријата во овој жанр.

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.