imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Unsplash – Многу бесплатни позадински фотографии


App Store е полн со апликации кои нудат бесплатни позадински фотографии. Поголем дел од нив се полни со реклами, а квалитетот на сликите во најмала рака е сомнителен. Но, со Unsplash можете да заборавите на сите такви проблеми.

Изборот на позадинска слика на било кој уред често е многу важен детал. иако лично ги преферирам зададените решенија, брзо ми здосадуваат, а потоа барам помош од Unsplash.

Unsplash е страница за фотографии, покрената во 2013. година. Зад неа се кријат три млади лица, а нивната платформа им овозможува на креаторите да ги објавуваат своите некористени дела бесплатно. Оваа дигитална галерија почна со десетина слики, а денес се достапни повеќе од 850.000, додека бројот на делители се зголеми на 100.000.

Најголема предност на оваа услуга е сликите да можете да ги користите за различни работи. Сите слики од Unsplash можат бесплатно да се преземат и користат без никакви референци на креаторот, а за потребите на создавање на сопствена интернет странцам маркетиншки материјали и други проекти. Фотографиите имаа доволно добра резолуција да можат да се употребат како позадини на мобилните телефони.

Сега оваа колекција доби и официјална апликација. Таа зазема само 3,7 MB простор, работи брзо и доверливо, а има и прегледен интерфејс. Благодарение на лесното пребарување, можете да пристапите до многу слики кои одговараат на вашиот вкус и желби.

За да преземете фотографија, само притиснете го копчето во горниот денесе агол и таа автоматски ќе се сними во вашата галерија. Исто така, можете да ги проверите сите информации за резолуцијата, уредот со кој е снимена сликата и слично.

Исто така, апликацијата е достапна и во Dark Mode. Мене тоа не ми е многу важно, посебно затоа што 90 проценти од екраните се прекриени со икони, но на некои тоа можеби многу им значи. И нема реклами – се уште не сум наишол на ниедна, а апликацијата ја користам повеќе месеци.

Употребата на оваа апликација не бара регистравија. Ако, сепак се одлучите да и се придружите на заедницата, ќе можете да уживате во можноста да ги делите своите дела и да креирате сопствени колекции. Освен апликацијата за iOS, постои и верзија за macOS, но во тој случај е поедноставно да се употреби интернет страницата.

Која позадинска слика ја имате моментно?

Преземете ја Unsplash од iOS App Store (iPhone, iPad, бесплатна)
Преземете ја Unsplash од macOS App Store (Mac, бесплатна)

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.