imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

USB 3.2 ќе биде два пати побрз и десет пати потежок


USB Implementers Forum кој го поседува стандардот има прилично интересни идеи за именувањето. Би требало да обрнете внимание кога купувате нови уреди.

Да почнеме со добрите вести: најновиот USB стандард, USB 3.2 може да се користи без купување на нови кабли и ќе биде два пати побрз од претходната генерација. Поради тоа, наместо 10Gbps ќе може да оствари брзина на пренос од 20Gbps. Добри вести се и тоа што првите уреди кои го поддржуваат би можеле да пристигнат кон крајот на оваа година. Се е во ред.

Но… USB Implementers Forum (USB IF) не е навистина добар со именувањето. Би можеле да кажеме дека дефинитивно пропаднале. Да го погледнеме хронолошкиот редослед.

На почетокот, се беше едноставно. Постоеше USB 1.1 (12 Mbps), USB 2.0 (480 Mbps) и USB 3.0 (5Gbps). Едноставно и транспарентно. Потоа со доаѓањето на 10Gbps USB 3.1, USB IF навистина ја испушти топката. Навистина едноставно да го претстават новиот USB 3.1, го преименуваа постоечкиот USB 3.= u USB 3.1. Тоа значи дека USB 3.1 Gen1 имаше способност за 5Gbps пренос, а новиот 10Gbps стандард е наречен USB 3.1 Gen2.

Тоа не беше само краток застој, затоа што оваа тенденција со преименувањето продолжи со доаѓањето на USB 3.2 стандардот. Пред се, ги преименуваа USB 3.1 уредите во USB 3.2, а стандардот кој изворно беше наречен USB 3.0 и потоа преименуван во USB 3.1 Gen1 повторно доби ново име, USB 3.2 Gen1 и одеднаш USB 3.1 Gen2 стана USB 3.2 Gen2. А што друго би можело да биде името на новиот стандард, ако не Gen3…

USB 3.2 Gen 2×2!

Дами и господа, моментниот статус кво е:

  • USB 1.1 (12Mbps)
  • USB 2.0 (480Mbps)
  • USB 3.2 Gen 1 (5Gbps)
  • USB 3.2 Gen 2 (10Gbps)
  • USB 3.2 Gen 2×2 (20Gbps)

Овој хаос со преименувањето предизвика само една работа, производителите со леснотија би можеле да ги означат своите производи со USB 3.2, што би можело да ги измами корисниците, бидејќи би можело да значи и стариот 3.0 стандард. Одлично направено…

За среќа, Apple Thunderbolt останува со истите 40Gbps…

Извор: 9to5Mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.