imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Уште една инженерска ѕвезда повторно работи на Apple Car


По пет години, Doug Field повторно ќе добива плата од Apple Inc. Овој инженер ја напушти водечката технолошка компанија за да работи во Tesla, но сега се врати и повторно работи на автомобилскиот проект на Apple.

Извонредниот инженер навистина е вистински благослов секоја технолошка компанија, дури и кога зборуваме за Apple, на кој не му недостастуваат мајстори од сите занаети. Меѓутоа, помеѓу 2013. и 2016. и на Cook му стана непријатно да добива оставки од своите подобри инженери. А сето тоа поради Tesla.

Тогаш Elon Musk требаше само да трепне ако сакаше да доведе некоја од ѕвездите на Apple во својот тим. Сите сакаа да бидат дел од бранот на иновација и да ги променат животите на милиони луѓе преку технологијата. Doug Field работеше пет години во Apple на уреди како MacBook Pro, MacBook Air и iMac. Тогаш еден ден го повика потпретседателот на Tesla.

Field, бивш потпретседател на инженерскиот оддел за Mac хардвер, а подоцна и потпретседател на Tesla, сега се врати во Apple. Уште повеќе, ќе му се придружи на Bob Mansfield на проектот Titan. Mansfield се врати во Apple во 2016. година, откажувајќи се од уживањето во пензија, откако во компанијата работеше 14 години. Некогаш управуваше со развојот на iMac и MacBook, а потоа му стана десна рака на Tim Cook на посебните проекти, како Apple Watch.

Она што не го знаеме е што всушност планираат во Apple и кога ќе видиме некакви резултати од автомобилскиот проект – односно дали некогаш нешто ќе видиме. Но, мораме да додадеме една мисла: луѓето како Field и Mansfield повеќе уживаат во предизвици и успеси отколку во дебели плати.

Извор: 9to5mac

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!