imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Утро полно со ажурирања


iMovie, GarageBand, iWork, Clips, Spark и бројни други апликации се подготвени за ажурирање. Уредите ова утро ќе ни работат прекувремено.

На својот компјутер овозможив автоматско ажурирање на апликациите достапни во App Store. Тоа ми се допаѓа, бидејќи сум сигурен дека ја употребувам најновата верзија без претерано вложување на труд.

Но, апликациите не смеат да бидат отворени. Во тој случај, почнуваат да ме напаѓаат скокачки прозорци со предупредување за апдејт. Денеска толку пати притиснав Х што ја исполнив неделната квота. Ноќеска нешто очигледно имаше во воздухот, бидејќи програмерите и Apple ги преплавија macOS и iOS со надградени верзии на апликациите.

Еве неколку надградени апликации:

  • iMovie: Новиот iPad е во фокусот на интересирањето на оваа апликација. Поддршка за екстерен дисплеј, screen mirroring функција, уредување со full-screen преглед, 4К video output без компресија и експортирање компатибилно со Facebook вo десктоп верзија.
  • Clips: Апликацијата на Apple компатибилна со Instagram сега има 6 нови селфи сцени, нови филтри, позадина од 360 степени и 17 нови звучни клипови кои абвтоматски се вклопуваат во должината на видеото. Неверојатно.
  • iWork: Освен стабилноста и оптимизацијата, сега има опција за сите оние кои ги уредуваат своите книги со iWork да можат да ги постават директно на Apple Books за преземање и купување.
  • GarageBand: Има некои нови оптимизирани решенија за iPad, како што е поддршката за кратенки за Smart Keyboard.
  • Spark: Иако не е апликација на Apple, вклучена е во денешната листа поради новите одлични функции. Сега можете да додавате мејл темплејти за да можете полесно да ги испраќате мејловите кои почесто ги користите.

Сите овие апликации можете да ги преземете бесплатно од Mac и iOS App Store.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.