imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Вистинити приказни за животите спасени од Apple Watch


Во најновите реклами на Apple, луѓето раскажуваат свои приказни и за својот живот му се благодарни токму на Apple Watch.

Apple вчера објави две нови видеа на својот YouTube канал. Извонредно, но во нив нема никакви маркетиншки претерувања, туку обичните луѓе ги раскажуваат своите приказни за тоа како паметниот часовник им го спасил животот.

Мајката која преживеала сообраќајна несреќа, сурфер кој имал доволно време да го извести својот син, 13-годишно момче за знаците на срцев удар и уште едно лице, кое Apple Watch го предупредил за венска тромбоза.

Во второто видео, Michael Jackson (не оној на кого мислите), кој има церебрална парализа, го сподели својот случај во кој Apple Watch го спасил од потенцијално животo загрозувачката сепса.

Откако е лансиран Apple Watch, имаше неколку приказни за тоа како спасил многу животи, но ова е прв пат Apple да истакне некои од нив.

Со текот на годините, функциите на Apple Watch се проширени со многу функции, кои му овозможуваат да спасува животи. Новото откривање на падот и EKG функциите ќе бидат само шлаг на тортата, и ќе му овозможат на Apple Watch да направи уште повеќе.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.