imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Вметнете цртежи и потписи во апликацијата Mail


Пораките на електронската пошта можете да ги персонализирате на разни начини, на пример со вметнување на цртежи, илустрации или потписи. Ќе ви покажеме како тоа да го направите на iPhone!

Во денешно време обично пишуваме пораки на е-пошта за службени или бизнис цели, но понекогаш со колегите разменуваме и неформални пораки. За сите оние кои сакаа креативно да се изразуваат, апликацијата Mail содржи функција со која пораките можете да ги направите поживописни, да ги илустрирате или да ги потврдите со додавање потписи. За вметнување на сопствени цртежи следите ги следните чекори:

  1. Отворете ја апликацијата Mail.
  2. Потоа отворете нова порака.
  3. Притиснете го полето за вметнување текст.
  4. Притиснете ја стрелката од десната страна на менито.
  5. Побарајте ја опцијата Insert Drawing, па притиснете ја.

Така ќе ги отворите алатките кои ви се веројатно познати од апликацијата Notes, a за кои на iPad можете да го користите и Apple Pencil. Ако го притиснете знакот „+“, можете да додате и потпис во својата порака на е-пошта. Кога сте готови, притиснете „Done“ и „Insert Drawing“.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!