imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Во последните 7 години немаше толку брутална надградба на MacBook Pro


Apple вети подобрување на перформансите од 70 проценти. Се испостави дека, сепак, се работи за 80 отсто, а тоа можеме само топло да го поздравиме! MacBook уредите не работеле толку добро како ажурираната генерација од 2011. година.

Пред неколку дена, Apple неочекувано ги претстави најновите верзии на MacBook Pro. Иако дизајнот воопшто не се промени, нивните перформанси значајно пораснаа. Тоа е затоа што новите модели пристигнаа со 8. генерација Coffee Lake процесори, односно со две дополнителни јадра за 13” и 15” верзија. Тоа ги надгради четирите јадра на 6 и двете јадра на 4, што е 80 проценти пораст во Geekbench 4 бодовите.

John Poole, основач на Geekbench, извести за резултатите. Според неговите зборови, вреди да се насочите на повеќејадрените резултати, бидејќи перформансите на едно јадро пораснаа за “само” 12-15%. Меѓутоа, изведбата на новиот 15-инчен модел со најдобри спецификации  (Intel Core i9, 6 јадра, 2.9 GHz со Turbo Boost до 4.5 GHz) го достигна врвот. Постигна резултат од 22.439 бодови, што е 44,3 отсто повеќе од минатогодишните најдобри резултати на Intel Core i7, 4 јадра, 3.1 GHz со Turbo Boost до 4.1 GHz.

Уште полуди броеви беа претставени во категоријата на 13-инчните модели. НБадградбата на перформанси на едно јадро се проценува помеѓу 3-11%, додека повеќејадрените резултати се извонреди. Новиот врвен модел  (Intel Core i7, 4 јадра, 2.7 GHz со Turbo Boost до 4.5 GHz) оствари 17 557 бодови на тестот на Geekbench, што е 83.8% повеќе од резултатот на врвниот модел од 2017 (Intel Core i7, 2 јадра, 3.5 GHz со Turbo Boost до 4.0 GHz).

Можеме да кажеме дека годинашниот 13” модел може да му биде конкурент на минатогодишниот 15” модел. А тоа е извонредно постигнување за Apple. Тоа е нешто што не сме го доживеале од 2011. година, кога беа лансирани првите MacBook Pro уреди со 4 јадра. Па, тоа е вистинска надградба.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.