imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Вонредна вест: Пристигнаа новите AirPods


Со повеќе време за разговори и опција за безжично полнење!

Apple збесна оваа недела и реди надградба по надградба. Денеска на ред се неверојатно популарните слушалки AirPods.

Дизајнот воопшто не е променет, но внатрешноста е доста унапредена: нов H1 чип, кој според екипата од Купертино – дополнително ги подобрува перформансите на AirPods. Компанијата ветува побрзо поврзување и 1,5 пати повеќе време за разговори. Достапна е и hands-free опцијата Hey Siri. Но, тоа не е најдоброто:

БЕЗЖИЧНО ПОЛНЕЊЕ!

Така е, пристигна куќиштето за безжично полнење, за кое веќе и предолго се шират гласини.  Меѓутоа, тоа не е основен дел од пакетот – ако сакате, новите AirPods слушалки можете да ги купите со класичен полнач или со овој кој овозможува безжично полнење. Apple мислеше и на оние кои сакаат да ги задржат тековните AirPods слушалки и сакаат да купат само ново куќиште, па и тоа е можно.

Вчерашната надградба на iMac не не воодушеви претерано, но денешните вести навистина ни предизвикаа голема насмевка. Совршен уред и нови опции. За сите ситуации!

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.