imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Вонредна вест: Се вратија iPad mini и iPad Air


Apple лансираше два нови iPad уреди. Освен долгоочекуваниот iPad mini, пристигна и нов 10,5-инчен iPad Air.

Се чини дека Keynote презентацијата следниот понеделник ќе биде целосно посветена на услугите, и дека дефинитивно нема да се занимава со iPad уредите. Се ширеа гласини дека би можела да пристигне надградена верзија на шестата генерација на iPad или iPad со нова големина. Па, ова второто се оствари. Една недела во пресрет на Keynote, новиот iPad Air и iPad mini се појавија во онлајн продавницата на Apple.

Двата нови уреда имаат многу заеднички работи:

  • Двата имаат A12 Bionic процесор, поради кој нивните перформанси се врвни (овој процесор е јадро на сите iPhone модели од 2018. година). Одлични игри, Photoshop, проширена реалност, што повеќе?!
  • Retina екран со True Tone технологија. Значи, не се штедело во поглед на екранот – ова не се почетни уреди со помала цена.
  • Touch ID и 3,5-милиметарскиот влез и натаму се тука. Не е воведен новиот изглед на iPhone и iPad Pro со Face ID, туку работите останаа исти.
  • Поддршка за Apple Pencil од првата генерација.
  • Дебелина од 6,1 мм – малку се подебели од iPad Pro 8 (5,9 мм), но дефинитивно потенки од шестата генерација на iPad (7,5 м).
  • Достапни се во три бои: сребрена, вселенско сива и златна.
  • Достапни се две големини на простор за складирање (64 и 256 GB).
  • Двата имаат WiFi и WiFi + мобилна верзија.

Се чини дека iPad mini е идеален за џебовите, благодарение на големината од 7,9 инчи, а неговите перформанси можат да издржат и неколку години.

Малку не изненади враќањето на iPad Air: пред речиси две години, на 21. март, 2017. година, Apple најави запирање на производството на iPad Air 2. Сега се врати со екран со големина од 10,5 инчи, тежина од околу 500 грама и со сите напредни функции наброени погоре. Се работи за навистина ветувачи уред. Има и поддршка за Smart Keyboard – како што можете да видите на фотографијата. Доста е сличен на претходните генерации на iPad Pro, но ценовно ќе биде подостапен.

Кои се вашите први впечатоци?

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.