imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Возбудлив концепт на Dark Mode и iPhone 2019!


Покрај iOS 13 и Dark Mode за кој повторно почнаа да се шират гласини, можете да го видите и годинашниот iPhone со три леќи. Што уште ќе донесе ова прекрасно утро?

Корисниците желно го очекувааат Dark Mode на своите iOS уреди, па не чуди што на интернет можат да се пронајдат многу негови концептуални примери. Овој пат ви донесуваме фотографии објавени на страницата PhoneArena.

Добра вест е дека се чини дека темниот начин на работа навистина доаѓа на нашите мобилни уреди. Тоа ни го предвиде и големиот пророк на Apple, Mark Gurman, истакнувајќи дека ќе можеме да ги криеме нашите уреди во темница, откако ќе пристигне iOS 13.

Тоа навистина би бил логичен чекор. Од една страна, Dark Mode е прв на листата желби на корисниците веќе цела вечност. Од друга страна, со доаѓањето на новата серија iPhone уреди, Apple во својата производна палета би можел да има барем пет уреди со OLED екран. А сите добро знаеме дека овие екрани ја сакаат црната боја.

На фотографиите можете да ја видите и третата леќа на камерата од задната страна. Тоа исто така веќе го потврди Gurman. Ние сме малку неодлучни, не можеме да замислиме како трите леќи би можеле елегантно да се вкомпонираат во дизајнот на уредот. Но, Apple сугурно веќе нешто ќе смисли…

Дали ви се допаѓа оваа идеја? Го сакате ли конечно Dark Mode?

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.