imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

watchOS 5: Активирајте ја Siri со едно движење


Siri може да биде прилично корисна за Apple Watch. Почнувајќи од watchOS 5, ќе биде сосема доволно да ја подигнете раката за да разговарате со неа…

Иако мислењата за тоа колку е корисна Siri е разликуваат од корисник до корисник, без сомневање можам да кажам дека во одредени ситуации помошта на асистентката е прилично практична, посебно ако корисникот дома има паметни уреди. Лично, најмногу сакам да разговарам со Siri преку Apple Watch, бидејќи навистина го сакам ова сеќавање на Knight Rider.

За разговор со Siri, најинтуитивното решение пред WatchOS 5 беше да се овозможи нaредбата Hey Siri. Ако сте го направиле тоа, моравте само да го разбудите Apple Watch и да кажете ‘Hey Siri’, и таа веднаш ќе ги исполнеше сите ваши соништа. Меѓутоа, отсега…

Со пристигнувањето на watchOS 5, само треба да ја подигнете раката и да кажете нешто, не морате дури ни да кажете ‘Hey Siri’, бидејќи веднаш ќе сфати што зборувате. Можеби не се чини како многу, но големо подобрување за искуството на корисникот е кога не морате да му кажете да уредот да ја активира функцијата пред секоја наредба. Да не споменуваме дека на овој начин нема да морате да ги будите другите уреди кои работат со ‘Hey Siri’ наредбата. За да ја вклучите оваа функција, морате да го направите следното:

  • На вашиот Apple Watch одете на Поставки > General > Siri
  • Вклучете ја опцијата ‘Подигни за говор’

Напомена: оваа функција не работи во моментната бета верзија на watchOS, но е вклучена во уредот, па можете да ја активирате за да не морате да се грижите за тоа кога watchOS 5 ќе стане достапен.

Извор: 9to5Mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!