imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

watchOS 5: Вклучување на автоматското препознавање на вежбање


Дали некогаш сте замислиле колку би било добро вашиот Apple Watch автоматски да се вклучи кога ќе почнете да вежбате и дека не треба самите да го избирате видот на тренинг што го практикувате? Тоа ќе биде можно со watchOS 5!

watchOS 5 сега помина темелна надградба, па допуштете ни да ви ја претставиме функцијата која сигурно ќе биде помеѓу омилените: автоматски постапки. Секако, нема да може да се применува за се, но во текот на вежбањето ќе можете да го овозможите автоматското препознавање на вежбата.

Нема еднозначен одговор на прашањето која функција на паметниот часовник е најдобра. Производителите се насочуваат на различни работи, а Apple оваа година се посвети на автоматизацијата на различните постапки. Само сетете се на iPhone и апликацијата Shortcuts која компанијата наскоро ќе ја лансира, а која е претставена како наследничка на Workflow, или пак Siri наредбите интегрирани во системот. На крај, тука е и Automatic Workaut Detection на Apple Watch.

Да, го означува токму она што го кажува името: штом почнете да вежбате, часовникот врз основа на GPS, WiFi и податоците за забрзување препознава што точно правите и ви нуди да почнете да ја следите таа активност. Со други зборови, повеќе нема да треба да ја барате вежбата во менито. Едноставно ќе треба да кликнете Start и тоа е тоа. Еве како можете да ја овозможите оваа функција:

На Apple Watch:

  1. Отворете Settings.
  2. Одете на General.
  3. Изберете Workout.
  4. Одете до „Start Workout Reminder“ и „End Workout Reminder“.
  5. Поставете ги опциите според сопствените преференци.

На iPhone:

  1. Отворете ја апликацијата Watch.
  2. Изберете Workout.
  3. Одете до „Start Workout Reminder“ и „End Workout Reminder“.
  4. Поставете ги опциите според сопствените преференци.

Првата јавна верзија на watchOS 5 пристигнува во септември и ќе биде компатибилна со моделите на Apple Watch Series 1, 2 i 3, и со моделот чие претставување се очекува следната недела.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.