imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

WINAMP: Враќање на легендата


Суперјунак на MP3 ерата, одлучувачки фактор на нашата младост. Старата апликација која не е прастара; добрата стара лама се враќа со сосема нова сила.

Навистина верувам дека освен нашите најмлади читатели, речиси сите знаат што е Winamp. Бесплатниот медиа плеер кој дебитираше во 1997. година, тогаш можеше да се пронајде на речиси секој компјутер. Иако постоеја неограничени можности за поставки, овој медиа плеер стигна до успехот благодарение на својата платформа, која можеше да се користи прилично едноставно. Да не ги споменуваме неверојатните количини скинови, кои можевте да ги собирате како Pokemon Taso жетони.

Апликацијата во 2002. година ја купу AOL, а потоа во 2014. беше префрлена на Radionomy. Последното ажурирање за WINAMP пристигна во 2013., па апликацијата навистина ќе се воздигне од пепел. Покрај тоа, ќе биде навистина одлична!

Иако не сподели многу детали, Alexandre Saboundjian, извршниот директор на Radionomy изјави дека ламата ќе се врати првенствено како мобилна апликација, но дека во иднина, развивањето на верзијата за компјутери, исто така, ќе биде на дневен ред. Сакаат тоа да го направат на начин со кој ќе го зачуваат изворниот дух на апликацијата, но ќе и ги дадат сите потребни функции кои би требало да ги има модерен медиа плеер. На пример, ќе можете да управувате со листите за репродукција, локалните мапи, подкастите, радио преносите и можеби другите услуги за стриминг на музика, како што се Spotify или Apple Music – се на едно место.

Ажурирањето 5.8 за Winamp ќе пристигне оваа недела со исправка на грешки, додека претставувањето на новиот Winamp 6 се очекува во 2019. година.

Ако не можете да причекате дотогаш, тука е и веб-верзијата на медиа плеерот, кој ја создаде еден фан. Секако е добро да се присетите на старите добри времиња со воведот на DJ Mike Llamа:

Winamp it really whips the llama’s ass.

Извор: Techcrunch

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.