imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Wow, целосна верзија на Photoshop се воведува на iPad


Adobe наводно ќе лансира целосна верзија, меѓуплатформско издание на Photoshop со поддршка за iPad.

Се кладам дека на никој не треба да му се објаснува што е Photoshop, бидејќи оваа програма за уредување на фотографии е достапна на пазарот веќе 30 години. Меѓутоа, компанијата Adobe, која го лансираше тој софтвер, тешко одржуваше чекор со актуелните трендови. Во принцип, успеаја да ја заобиколат целата револуција на таблет уредите, што е штета бидејќи оваа програма е идеална за таблети.

Во споредба, Adobe ја лансираше целосната верзија на Photoshop само за PC и Mac, а iOS доби само поедноставена верзија наречена Photoshop Express. На тоа не можеа баш да профитираат, бидејќи професионалните софтвери за обработка на фотографии оптимизирани за iPad, како Affinity Photos, можеа многу лесно да ја заменат. А да не споменуваме дека многу корисници на iPad го отфрлија Photoshop во корист на поевтиниот Affinity и на Mac.

Судејќи според се, компанијата успеа да научи нешто на своите грешки, па во догледно време ќе лансира целосна верзија на Photoshop за iPad, по принципиот подобро-некогаш-отколку-никогаш. Најпрвин на Bloomberg му беше откриено дека Adobe планира да лансира целона верзија на Photoshop за iPad во октомври минатата година, а дека апликацијата ќе пристигне во 2019. година. Scott Belsky, директорот на производниот оддел на Adobe Creative Cloud го потврди доаѓањето на мултиплатформското издание на Photoshop, иако не ги спомена очекуваните датуми на неговото пристигнување.

Ако тоа го изведат паметно, можеби ќе вратат и дел од корисниците на своја страна.

Извор: The Verge

Преземете го Adobe Photoshop Express од App Store (iPhone, iPad – бесплатно, IAP)

Преземете го Affinity Photos од App Store (iPhone, iPad – бесплатно, IAP)

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!