imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Wow, Siri би можела да биде навистина паметна


Apple ги комбинираше своите различни дивизии на вештачката интелигенција во нова структура предводена од најновата аквизиција, John Giannandrea, поранешниот шеф на пребарување и AI во Google. Се уште има надеж...

Знаете како вели старата поговорка: “Небото е каде што полицијата е британска, готвачите се Французи, механиката е германска, љубовниците се италијански и сето тоа е организирано од Швајцарците. Пеколот е местото каде што полицијата е германска, готвачите се англиски, механиката е француска, љубовниците се Швајцарци и сето тоа го организираат Италијанците”.

Да сумираме, главната поента на изреката е дека секој треба да прави работи за кои е обучен. Па, проблемот е што Apple навистина нема експертиза во вештачката интелигенција, барем засега. Сепак, треба точно да знаат како да се справат со тоа, бидејќи како што покажува тенденцијата, порано или подоцна, ќе биде невозможно да се произведе дури и тостер без вештачка интелигенција. Но, тука е тимот на Google, што не знае многу работи кои ги знае Apple, но се прилично добри кога станува збор за вештачката интелигенција. Дали се сеќавате на AI која се јави во фризерски салон и побара средба на најприроден можен начин?

Затоа е прекрасна идејата Apple дa го ангажира John Giannandrea, како нов шеф на дивизиите за вештачка интелигенција на компанијата, кој порано беше главен на Google за пребарување и AI. Покрај тоа, затоа е и прекрасна идејата, компанијата да ги преструктуира сите AI дивизии во нова структура под водство на Giannandrea.

Попрецизно, отсега дивизијата за машинско учење на Apple, нејзиниот Siri тим и тимот на Core ML ќе бидат во истиот тим, надгледуван од Giannandrea. Се надеваме дека на овој начин, Apple ќе може да се справи со поконзистентна, потранспарентна и очигледна стратегија и дека AI конечно ќе биде област за која многу знаат.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.