imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Xmind – Одлична Mac апликација за ментално мапирање


Xmind е една од најдобрите апликации за ментално мапирање во поглед на напредноста и просечната употреба. Во овој текст ги набројавме сите предности на оваа апликација.

Сметам дека на секој му треба апликација за ментално мапирање, без оглед на тоа со која работа се занимавате. Мене ми е многу корисно да ги запишам сите идеи и да ги групирам, да цртам графикони и да создавам планови врз основа на сето тоа. Тоа навистина ми помага во работата, на факултет, но и во приватниот живот.

Имав многу такви апликации, но неодамна ја открив Xmind и токму таа ми изгледа како најдобра опција. Секако дека секој корисник употребува такви апликации за поинаква намена и на поинаков начин. На пример, пријател ми рече дека него му помага за пишување сценарија и приказни.

Токму затоа е толку добра – не е важно каква идеја ќе ви падне на памет, веднаш можете да ја сместите во апликацијата и да ја надополните со фотографии, цртежи и табели. Исто така, сите работи можете да ги додавате и отстранувате, бидејќи планирањето никогаш не е линеарен процес. Морате да ги претворите своите идеи во цели, а за тоа да го постигнете, морате најпрвин да ги групирате овие идеи. Зошто тогаш Xmind толку многу ми се допаѓа?

Како што веќе споменав, може да се користи за различни цели, па затоа е важно дека има отворен изворен код и дека можете да ја надградите со различни плагини. Тоа е можно кај Xmind, а можете да бирате помеѓу различните верзии. Поради тоа, можете да преземате и резимеа, мејл плагини и други корисни работи.

Исто така, важен фактор е и искористливоста, а оваа апликација нуди осум зададени композиции и 20 примероци со помош на кои можете да го почнете своето планирање. Xmind можат да ја користат напредни и просечни корисници, а можете да ги споделувате своите довршени планови преку Biggerplate, но и да ги сместите во Evernote или некоја од апликациите на Microsoft.

Благодарение на отворениот изворен код, лесно може да се развива, а сите потребни алатки за тоа можете да ги преземете преку GitHub. Од цената може да се насети дека ова е апликација за оние кои навистина имаат намера да ја користат, но запаметете дека се работи за сестрана апликација која лесно можете да ја автоматизирате. Испробајте ја и споделете ги впечатоците во коментарите.

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.