imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Заменете ги иконите на macOS Mojave


Едноставната, но одлична апликација Lielcon е надградена со поддршка за Mojave, па од сега можете да користите сопствени икони, дури и во најновиот систем.

Пред околу две години, ви ја покажавме едноставната апликација, со помош на која можете да ги замените иконите на macOS по желба, со обичен drag&drop, без оглед на тоа дали се работи за фолдер, системса или некоја трета апликација.

Мислењата за тоа дали би требало да се направи такво нешто варираат, но оние кои сакаат, од сега моќат тоа лесно да го направат, бидејќи гореспоменатата апликација, Litelcon, скор доби поддршка за macOs Mojave.

Во случај да барате кул пакет икони, и тоа како можеме да ги препорачаме делата на TigerCat, кои можат да се преземат бесплатно, што исто така е ажурирано со поддршка за

Да го погледнеме описот на операцијата, како потсетник:

Првиот чекор е да одлучите дали сакате да ги менувате системските икони или е доволно да се заменат иконите на споредните апликации. Ако во прашање е ова првото, ќе морате да го исклучите SIP (System Integrity Protection). Се што треба да направите е:

● Рестартирајте го компјутерот
● Веднаш по вклучувањето притиснете ги CMD и R копчињата заедно
● Притискајте ги додека не се вчита Recovery
● Изберете Utilities > Terminal во горното мени и стартувајте ја програмата
● Внесете ја следната команда:

csrutil disable; reboot

Доколку се помине како што треба, компјутерот ќе се рестартира, сега со дозвола за модифицирање на системските податоци.

Потоа, покренете ја Litelcon и остатокот ќе биде прилично едноставен. Само повлечете ги избраните икони (забележав дека ги поддржува сите класични формати на икони png, ico, icns), потоа кликнете на Apply Changes копчето на дното, рестарирајте и тоа е тоа. Би требало да обрнете внимание иконите да бидат со вистинската резолуција, посебно на компјутерите со ретина дисплеј, како и тоа дека ви се потребни одвоени икони, доколку корпата за отпадоци е полна или празна.

Што се однесува до Calendar, доколку не сакате статична, туку икона која константно се менува, како оригиналната, ќе морате самите да се позанимавате со тоа. Најпрвин, битно е да изберете икона која има две верзии: празна и полна. Покрај тоа, кога се работи за оваа програма, морате да ја извршите операцијата со икона која е со ICNS формат. Кога ќе завршите со тоа, направте го следното:

  • Повикајте ја празната икона App-empty.icns, а полната App.icns
  • Одете до Applications фолдерот и побарајте ја иконата на Calendar
  • Десен клик, па Show Package Contents

● Понатаму одете со подфолдерот Contents > Resources

● Пронајдете ја оригиналната икона со идентично име и од неа направете бекап
● Ако сте подготвени, копирајте ги избраните икони и со нив заменете ги оние кои се веќе таму

  • По сето ова, отворете го фолдерот Calendar.docktileplugin и потоа одете до Contents > Resources фолдерот
  • Тука само треба да ја залепите App-empty иконата и да ја замените постоечката
  • Кога тоа ќе го направите, внесете ја killall Dock командата во Terminal, и доколку се помине како што треба, ќе ја видите преубавата нова икона, која ќе го покажува моментниот датум.

Ако сте завршиле со оваа интересна задача и сте ја замениле секоја икона како што треба, време е да го обновите System Integrity Protection. Врз основа на гореспоменатото, одете до Recovery опцијата, отворете Terminal i внесете ја следната команда:

csrutil enable; reboot

По рестартирањето, осигураните системи ве чекаат со целоно нови икони. Би требало да го имате на ум и тоа дека некои апликации можат да ги повратат своите икони по ажурирањето, па некогаш може да се случи претходната процедура да морате да ја повторите.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.