imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Завршено истражувањето на Apple за срцевото здравје


Според собраните податоци, се повеќе можеме да му веруваме на Apple Watch. Истражувањето кое го спроведоа Apple и Универзитетот во Стенфорд би можела да претставува пионерска соработка помеѓу технологијата и науката.

Apple го почна своето истражување во соработка со Универзитетот во Стенфорд во 2017. година, а целта беше да се открие дали може Apple Watch и на кој начин да открие фибрилација на атрите. Неправилните отчукувања на срцето е помалку познат и недоволно истражен проблем, кој претставува своевидна непознаница и за медицината, но се знае дека тоа би можел да биде ран симптом на мозочен удар.

Знаеме дека во истражувањето учествувале повеќе од 400.000 испитаници, што ова истражување го прави најголемо на полето на технолошко-научниот труд. Неодамна се објавени резултатите во магазинот Stanford Medicine, а се огласија и челните луѓе на здравствениот оддел на Apple.

Apple Watch во 0,5 проценти од случаите испраќаше известување за фибрилација на атрите, што е вкупно 2160 пати. Меѓу испитаниците помлади од 40 години, односот на јавување на овие изнестување е 0,16%, додека кај постарите испитаници оваа стапка изнесува 3 проценти.

Прецизноста е клучна: не е доволно уредот да ги препознае опасните ситуации, потребно е и да се минимизираат лажните тревоги. За тоа да се избегне, Apple ја калибрираше оваа функција со цел ова известување да се испраќа само по петтиот случај едноподруго на сомнителна фибрилација. Во тој случај, на испитаниците веднаш им била пружена помош од технолошко-здравствените консултанти и EKG за дополнителен надзор.

Ова истражување е успешно на повеќе нивоа. Apple успеал да покрене огромен број луѓе и одигра клулна улога во развојот на медицината во правец кој порано не беше ни замислив. Најдобрите здравствени истражувачи успеале да обработат неколку илјади испитаници. Би било навистина одлично технолошките компании да продолжат вака да соработуваат со медицината и науката.

Воглавно, Apple сака да продолжи со ова истражување. Во соработка со компанијата Johnson & Johnson пробуваат да комбинираат решенија за побрза детекција на фибрилација на атрите – која погодува повеќе од 33 милиони луѓе ширум светот – во што ќе им помогне неодамна претставената EKG функција на Apple.

Да ја заклучиме оваа тема со зборовите на потпретседателот на Apple Health, Sumbul Desai:

Apple Watch е најличен уред досега. Кога го носите цело време, има шанса, дури и одговорност, да го следи вашето здравје и да ви помогне да водите поздрав живот. Како доктор и како човек, сметам дека е попаметно преактивно да му се пристапи на здравјето, туку да барате нега и помош кога нешто ќе се случи.

Единствено што можеме да додадеме е дека би било најдобро кога овие здравствени функции би им биле достапни на корисниците во сите земји од светот.

Извори: Newsroom, Men’s Health

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.