imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Збогум Infinity Blade – Трилогијата е повлечена од App Store


Намерно. Epic Games ја повлече својата поддршка за да може во целост се посвети на Fortnite. App Store стана малку потажно место.

Поголемиот дел од нас веројатно знае за барем една од трите верзии на Infinity Blade, игра која Apple често ја рекламираше. Играта со средновековни борби и разни ликови не е надградена од своето трето поглавје, Infinity Blade III лансирано во 2013. година, но во последните пет години добиваше софтверски ажурирања. Тоа сега ќе престане.

Од Epic пристигнува најава дека се укинува поддршката за Infinity Blade и дека секое поглавје е повлечено од App Store. 

Најголема причина за овој потег е тоа што на програмерот му стана премногу тешко да ги поддржува овие игри и да ги одржува на еднакво ниво на квалитет. Секако, оние кои претходно ја преземале играта можат да ја вратат од својата историја на купувања, но купувањата во рамки на играта сега се недостапни.

Не сакаме да драматизираме, но со ова е завршена една ера. Infinity Blade беше пионер на модерните мобилни игри. Оваа игра прва докажа дека мобилните игри се на нивото на оние конзолните. Apple се уште така ја претставуваше на Keynote презентациите, почнувајќи од 2010. година. Затоа ова е тажен ден за App Store.

Сепак, не треба да се гриржите за оваа екипа програмери. Тие постојано работат на Fortnite, една од најуспешните мобилни игри на сите времиња. Всушност, со тоа придонесе и самиот Infinity Blaade, бидејќи беше како инкубатор за многу експериментални технологии на мобилниот гејминг, кои сега се дел од Fortnite.

Epic не сака да ја крие таа врска. Вчера, кога го најавија повлекувањето на играта од App Store, поставија видео од Fortnite на Twitter и го претставија „Sword“ како ново оружје. Инаку, острицата на тој меч е многу слична на легендарното оружје од Infinity Blade. Додадоа дека треба будно да внимаваме – можеби тоа значи дека старата игра еден ден ќе се врати.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.