imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Животот е тежок? Ставете малку сланина на него!


Денешната игра е понекогаш саркастична, понекогаш цинично критична, а понекогаш има црн појас во мајсторско тролање. Долго не сме се забавувале вака со игра.

Кога утринава го прегледував App Store, не се ни надевав дека во него ќе пронајдам така одлична игра како што е Bacon, која е номинирана за игра на денот. Да. сланина. Не, изборот на името не е никаква случајност, играта всушност е за сланина.

И тоа во голема мера! На екранот се појавува рака, која држи едно парче сланина нацртано во Paint. Притиснете го екранот и сланината паѓа во тава. Се појавува звук на крчкање и со уште еден допир ја фрлате сланината во воздух, а никој не знае каде таа ќе застане…

На пример, може да падне на Соединетите Американски Држави. Или во цевката на правосмукалката. Или во утринското кафе. Или на мачка, куче или Francis Bacon. Креаторите на играта навистина имаат бескрајна фантазија. Има неколку мета задачи, како што е фрлање на сланината на вашата камера. Или на вашите сопствени искрени рецензии на App Store. Или на вашиот портрет вметнат во Мона Лиза. Има уште неколку саркастични задачи во кои морате да ја фрлитѕ сланината на знакот “Верувај во себе” или во гласачката кутија.

Токму овие задачи ја направија играта толку фантастична. Во пракса, тоа е терапија во која можете да фрлате сланина на се и секого. Можете да фрлате сланина на работите кои ги мразите во животот, на работите кои ви здодеале или на работите кои едноставно се смешни. Тоа е едноставна задача која се повторува, во текот на која можете да го исклучите мозокот додека се забавувате.

Конечно, се запознавте со подрачјето од вашиот живот, каде не морате да смислувате решенија. Нема стрес. Не можете да направите нешто погрешно. Единствената задача која ја имате е да ја фрлите сланината на зададен предмет. Ако го направите тоа успешно, оперската музика ќе го прослави вашиот успех.

Понекогаш токму тоа е она што ви треба. Да фрлите сланина на нешто.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.